Здружението „НОВУС“ во рамките на проектот „Запознај ја европската унија – делувај европски“ којшто е финансиран од општина Струмица, организираше јавна дебата во соработка со дебатниот клуб при Младински совет – Струмица на тема „ЕУ е дел од решението, но и од проблемите во Македонија“. Преку дебата учесниците ги изнесуваа своите аргументи за или против, а се потенцираа и бенефитите и ограничувањата што Македонија би ги добила доколку стане дел од Европската унија. Дебатери ќе бидат Цветанка Манчева, Александра Николова, Ристо Ковачев, Вероника Поповска, Верица Китанова, Љубица Поп-Трајкова, Лилјана Ѓорѓиева и Викторија Јанушева.
Read more