По кратко боледување, утрово почина DJ Babura

Човекот со вистинско име Љупчо Петровски во Скопје познат како диџеј Бабура. По кратко боледување утрово почина диџејот без кој ноќниот живот во Скопје и ширум Македонија нема да биде ист.
Љубителите на ноќните забави ќе го запаметат како човекот кој ги правеше најдобрите ноќни журки во Скопје. Знаеше вистински да ја селектира музиката и соодветно да влијае на расположението и атмосферата. Во свежо сеќавање ќе останат петочните забави во Интермецо и саботните во ноќниот клуб Xo. Помеѓу колегите важеше за професионалец кој совршено добро ја познаваше работата.

babura2-630x420

Професионално, почетоците му датираат од неговиот ангажман во „Мега ФМ“ радио во 90-тите години од минатиот век. Подоцна Бабура се префрла во редовите на „Антена 5 Радио“, каде што останува сè до почетокот на оваа декада. Од таму заминува и го основа новото урбано – градско радио.

Напишете коментар