„Комуналец“ ги одржува и јавните површини во населените места
По континуираното одржување на јавното зеленило и дополнителното хортикултурно уредување во градот, јавното претпријатие за комунални дејности, врши и одржување на јавните зелени површини во населените места. Викендов се работеше на парковите површини во населените места Добрејци, Просениково, Дабиле и Куклиш. Овие активности ќе продолжат и во останатите населени места.