Утре ќе се одржи првата сесија на граѓанскиот проектен форум

На 27.10.2015 година (вторник) со почеток во 18 часот во големата сала на домот на АРМ, а во организација на Центарот на заедницата на општина Струмица во соработка со општина Струмица ќе се одржи првата сесија на граѓанскиот проектен форум. Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.
Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат планираните проекти од акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации и од истите да предложат приоритетни проекти кои ќе ги имплементира општина Струмица во периодот 2015 – 2016 година.

Напишете коментар