Претставници на општина Струмица учествуваа на обука за поттикнување на жените за учество во локалните политики

Претставници на општина Струмица, викендов, учествуваа на обуката „Алатки за поефикасно поттикнување на учество на жените во процесот на креирање политики на локално ниво“ која што се одржа во Велес. Обуката е дел од проектот „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија ( 2013-2016 година) на UN WOMEN финансиран од австриската развојна агенција и швајцарската агенција за соработка и развој, а во кој е вклучена општина Струмица.
Учесниците на обуката која ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики од Скопје разменија искуства, ја анализираа сегашната состојба и се запознаа со повеќе алатки за поефикасно вклучување на жените во процесот на креирање политики на локално ниво. Општина Струмица и на оваа обука потврди дека веќе практицира поголем дел од алатките кои веќе даваат позитивни резултати, но и дека секогаш е подготвена за прифаќање на нови кои уште повеќе ќе ја зајакнуваат родовата рамноправност во креирањето на локалните политики.

Напишете коментар