Парталов: Зошто на нашите прашања молчат владата и министерствата, а одговор дава ВМРО ДПМНЕ?

Општина Струмица денеска реагираше на реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на вчерашната прес конференција на секретарот Кирил Парталов, за намалените блок дотации за детска заштита за 2015 година.
Интегрален текст од реакцијата:
Општина Струмица е згрозена од вчерашната реакција на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на која ја информиравме јавноста за скратените блок дотации за детска заштита од Министерството за финансии.
На вчерашната прес конференција, прашањата не беа поставени ниту од СДСМ, ниту од Парталов Кирил, ако внимателно ја следевте прес конференцијата, прашањата беа поставени од општина Струмица како институција до државните органи како институции, а пред се Владата на РМ.
Со реакцијата од ВМРО ДПМНЕ се потврди дека Република Македонија е целосно партизирана држава, сите институции се во рацете на оваа партија и работат како што диктира нејзиното раководство.
Нема почитување на закони, нема правила. Како што ќе каже ВМРО ДПМНЕ, така ќе биде.
Без срам и грижа на совест, ВМРО ДПМНЕ вчера си дозволи да реагира, иако на нашата прес конференција воопшто не беше повикана.
Општина Струмица реагирајќи за намалувањето на блок дотациите, побара одговори од надлежни Министерства и Владата на РМ.
Но наместо одговори од таму, со реакција се јави ВМРО ДПМНЕ.
Замислете на кое дереџе се спушти оваа држава, кога ВМРО ДПМНЕ одговора во името на надлежните Министерства и Владата на РМ и информира за распределбата на блок дотациите со ребалансот на буџетот.
Дали ова значи дека ВМРО ДПМНЕ го крои буџетот на Република Македонија, врши ребаланс и располага со парите на народот?
Вчерашната реакција потврди дека е така.
И зошто по нашите јавни прашања молчат Владата и ресорните министерства?
Не знаат што да одговорат или пак не смеат од ВМРО ДПМНЕ, кога се во прашање Струмица и Зоран Заев?
И на крај, уште еднаш, ќе повторам.
Општина Струмица на вчерашниот прес постави јасни и прецизни прашања на кој начин и зошто е намалувањето на износот од блок дотациите за згрижување и воспитание на децата од општина Струмица.
Овој пат се надеваме дека одговорите на овие прашања ќе ги добиеме од надлежните институции.

Напишете коментар