Официјално-Академик Д-р Драган Јованов Европска академија на науки – Бг


Академик Д-р Драган Јованов Европска академија на науки – Бг Честа, но и одговорноста е голема да се биде во европскиот академски свет на истражувачи. Благодарам на Европската академија на науки, на мојот ментор Академик Примариус Др. Боро Вујасин и на Претседателката на Европската академија Академик Снежана Баронеса, кои ја следеа и препознаа мојата мисија и квалитет. Патот до успехот е само наш избор!

Благодарам на мојата покојна мајка што нејзината љубов и духовна сила ме чуваше да истраам ме водеше и штитеше. Благодарам на мојот татко, сестра и тетка кој беа секогаш до мене и во добро и во лошо, тие останаа мојот најверен тим. Благодарам на моите ментори од Македонија и од странство кој ми ја даваа максималната поддршка и ме поддржуваа на патот до светскиот трон. Секако неизмерна благодарност за моите лојални и верни македонски поддржувачи како прво и поддржувачките од земјите од балканот, европа и светот за кој да не беа тие не би бил јас она што сум денес. Сепак за секои иновативни истражувања ви треба луѓе кои веруваат во она што го работите.

Сите ние во некој период од животот сме се почуствувале дека многу тешко доаѓаме до поставените цели ( без разлика за која област од животот се работи), бидејќи има многу предизвици и препреки кои треба да се совладаат. Тогаш тоа е време да се реорганизираме, да ги ревидираме поставените цели. Најважно е, да до патот на крајната цел си поставиме пократки цели кои постојано ќе ни ја оддржуваат самодовербата. Тоа го направив јас. Сите ние имаме различен пристап кон работите. Но на крај се се сведува на работата која ние треба да ја направиме. Мора да најдете баланс помеѓу потребата за чувство како АКАДЕМИК со Успеси и Успех преку напорна работа. Треба да превземате ризици и да се обидувате. Потребно е да бидете ИСКРЕНИ КОН САМИТЕ СЕБЕ и да не го барате СЕКОГАШ НАЈЛЕСНИОТ ПАТ. Животот е исполнет со многу борба и битки за успеси! Ако не ги водите тие битки, понатаму во животот ви остануваат уште повеќе тешки борба и битки! НО ЕДНО НЕШТО ТРЕБА ДА ЗАПАМТИТЕ. НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ НЕМОЈТЕ ДА СЕ ОТКАЖУВАТЕ. Мојот татко секогаш ми велеше влези од мала врата, а излези чесно и достоинствено од ГОЛЕМА ВРАТА. ОФИЦИЈАЛНО АКАДЕМИК ДР ДРАГАН ЈОВАНОВ – ЕВРОПСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ ПОРТРЕТОТ НА ОВАА СЛИКА СВЕДОЧИ ЗА МОИТЕ СОНИШТА…

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МЕНЕ ( на 33 год) ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА МОЕТО СЕМЕЈСТВО. ДЕНЕС ОФИЦИЈАЛНО СТАНАВ АКАДЕМИК ВО ЕВРОПСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ- БГ ОВАА ТИТУЛА ЈА ПОСВЕТУВАМ НА МОЕТО НАЈБЛИСКО СЕМЕЈСТВО

БЛАГОДАРНОСТ ДО МОЈОТ МЕНТОР АКАДЕМИК БОРО ВУЈАСИН. ОНА ШТО ГО ПРАВИМЕ ДЕНЕС ОСТАНУВА ВО ВЕЧНОСТА…

Напишете коментар