Одбележана четиригодишнината од големиот шумски пожар над Струмица

Со положување свежо цвеќе пред спомен одбележјето во центарот на градот, Општина Струмица им оддаде почит на четворицата граѓани на кои ги загубија своите животи од големиот шумски пожар што се случи на денешен ден пред четири години.
Во чест на Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, Мите Ѓоргиев од Струмица и Војо Гркланов, а по повод четиригодишнината од трагичниот наста, претседателот на Советот на општина Струмица Јосиф Христов, ја даде следната изјава
“Постојат настани кои не смеат да имаат заборав. Постојат немили случувања на кои секогаш треба да се присетуваме, за да ни бидат поука и опомена. Таков е и трагичниот настан кој ја зави Струмица во црно, а се случи на денешен ден пред четири години. Имено, на 23 јули 2012 година поради една непромислена, но фатална човечка грешка, избувна шумски пожар на струмичкиот рид, над периферијата на градот. Поради временските прилики, огнената стихија земаше се поголем замав и претставуваше опасност да ги зафати куќите кои се наоѓаа во близина. Во обидот шумскиот пожар да биде угаснат или локализиран во кој учествуваа институции и доброволци, настрадаа повеќемина наши сограѓани, од кои четворица својата храброст и пожртвуваност ја платија со своите животи. Тоа се браќата Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, Мите Ѓорѓиев од Струмица и Војо Гркљанов од Вељуса. Денес положивме свежо цвеќе пред спомен обележјето – дело на рускиот скулптор Григориј Потоцки, а кое Општина Струмица го подигна во нивна чест. Овој чин е показ дека Струмица вечно ќе ги памети своите четворица граѓани и ќе жали за нивните прерано згаснати животи, но и секогаш ќе им биде благодарна на совесноста и храброста. Истовремено, испраќаме недвосмислена порака – „Било и никогаш повеќе да не се повтори“

Напишете коментар