Јас ја Избирам Црквата а вие Плукајте

Кај нас се што е Ненормално е нормално и се што е ненормално е Нормално….
Читам овие денови се дигна врева за децата од Пробиштип затоа што биле однесени во црквата.
Големите душегрижници започнаа да напаѓаат, да вреѓаат, како сето оваа било противуставно, како се дозволило децата да се носат во црква….Како прво не верувам дека децата биле носени на сила, влечени за уво, дека тоа било задолжително, без притоа да не знаат родителите…
Ама нели ние сме овде да правиме сензационални вести…..АУУУУ…Страв…Ужас….Мали деца однесни во црква…каква трагедија…
Добро бе мајќе му, кај сте бе вие душегрижници и борци за правата на децата,да реагирате кога во училиштата се прават маскембали за Helloween, или тогаш е во ред да се велича денот на Вештерките а ?
Кај сте да реагирате бе мајќе му, кога децата ни ги затопуваат со Велики Брат , Ѕвезде Гранда и разни белосветски срања а ? Кај сте да реагирате против турско шпанските серии ?
Ама нели ние сме проевропски и проамерикански настроени…За нас е во ред деца да се носат на политички митинзи, во ред е да се носат деца на геј паради…кај нас е во ред децата да се насилни…Удри сине да се знае од која фамилија сме ние….
Алоо се губите во преводот, се повеќе се уништувааме прифаќајки ги белосветските срања, се губиме додека да станеме нешто што не сме биле и нема никогаш да бидеме…
И сега според вас што треба да правиме а ?
Да го осудиме свештеникот и да оди во затвор затоа што направи голем злостор врз човештвото од големи невидливи до сега размери а ?
Срамота….Во поголемиот дел од државите е воведена веронауката како задолжителен предмет, а овде кај нас како изборен предмет, кој се трудите и него да го избришете затоа што тоа е голема загуба за времето на вашите деца….
Оставете тие најмалите и најсаканите нека учат за моралот и вистинските вредности од Певаљките од Ѕвезде Гранда, од Маленката Невеста од Великиот Брат…од ЛЏБТ заедниците оти тие се вистинските репрезенти на Моралот и Етиката…
И сега доаѓаме до моментот дека децата биле на колена…Епа душегрижници доколку и вие некогаш сте присуствувале на литургија во црквата ќе знаевте дека има Поклони…ама толку си ја знаете вашата Вера..Црквата не е само на Велигден кога се кршите со јајцата..и си одите дома….
Ама нели се што е наше не чини….Носете ги на дружби во ЛЏБТ заедниците, носете ги на Helloween…
Празнуваје ги Денот на Благодарноста…4 јули….Празнувајте го Валентајн….Бидејќи и така веќе се губиме во преводот…
Автор Даниел Ѓоргиев

Напишете коментар