Доделени награди по распишан конкурс по повод 8 ми Март во организација на општинската установа Дом за деца и млади ,,Благој Мучето,,- Струмица

Доделени награди по распишан конкурс по повод 8 ми Март – Меѓународниот ден на жената во организација на општинската установа Дом за деца и млади ,,Благој Мучето,,- Струмица .За овој настан се распишува литературен и ликовен конкурс на тема ,,Жената – родител, работничка , интелектуалка ,, еден месец претходно за да учесниците имаат доволно време да творат . И оваа година ,како и претходните две ,установата воведува родова компонента ,да се создаде перцепција дека 8 Март е меѓународен ден на жената ,а не само на мајката. Од пристигнатите 200 ликовни творби и 100 литературни творби ,комисиите одлучија да наградат 13 учесници од 6-9 одд. и 7 учесници од 1-5 одд. за ликовна дејност ,и 5 учесници од 1-5 одд и 5 учесници од 6-9 одд за литературна дејност. Домот за деца и млади подготви пригодни награди соодветно на дејноста за мотивирање за понатамошна работа на учениците и учество на наредни конкурси.Отворена изложба од пристигнатите ликовни творби ,истата же трае 15 дена ,и сите зинтересирани можат да ја погледнат во холот на Домот на АРМ.

Напишете коментар