БЛАГОВЕСТ-Духовно-информативен билтен на црквата СВ.15

Со благослов на неговото високопрвосвештенство митрополитот Струмички г.Наум, излезе од печат првиот духовно-информативен билтен на црквата св.15 Тивериополски Свештеномаченици.
Во овој духовен билтен ќе бидат опфатени значајни работи, за значењата и суштината на празниците, ќе бидат опфатени и беседите на митрополитот Наум.
Ке бидат опфатени и разработени теолошки теми во духот на времето, настаните и збиднувањата
Од страна на свештеници и монаси.


Во секој број, по нешто ново
И информации за активностите и збиднувањата на самата Црква
Благовест ќе биде бесплатен и достапен за сите во периодите кога ќе излегува од печат.
ќе илегува два пати месечно
Од 1 до 15 и во периодот од 15 до 31 од месецот.
Главен и одговорен уредник на овој духовен билтен Благовест е отец Димитар Крцев, а соработник е Богословот Костадин Вучковски.
Првиот број е посветен на Митополитот Струмички г.Наум и неговата биографија во чест на 20 годишнита од чинонастојателството со Струмичката Епархија.
Воедно во овој број се содржат за активностите и празниците кои го опфаќаат периодот од 1.1.2016 година па до 15.о1.2016 година.

Напишете коментар