Ана Мазнејкова ќе настапи во престижниот Ројал Алберт Хол (Royal Alber Hall) во Лондон, Велика Британија

Ана Мазнејкова (5год) е поканета на крајот од месец Март да настапи во престижниот Ројал Алберт Хол (Royal Alber Hall) во Лондон, Велика Британија заедно со пијанисти од УСА, Сингапур, Тајланд, Русија, Јапонија, Австралија, Шведска, Швајцарија Полска, Италија итн.. Концертот е всушност ”Церемонија на доделување на награди на победниците” на пиајно натпреварот и на истиот на Ана треба да и биде врачена диплома за освоена Прва награда и Златен медал. Ова е шеста Прва награда за Ана Мазнејкова која во декември освои и Прва Награда на Меѓународен натпревар во Белград. А досега во својата биографија ги има вметнато и Специјалната Прва Награда од Париз, и трите први награди од меѓународните пијано-натпревари во Милано, Белград и Гевгелија.

Напишете коментар