10-те најмоќни телефони за 2016

Кинеската компанија AnTuTu, која стои зад една од најпопуларните платформи за тестирање на брзината на мобилните телефони, објави три интересни листи со паметни телефони кои го поминаа тестот AnTuTu benchmark во текот на минатата година.

На првата листа се топ десет телефони според резултатите кои ги постигнале на во AnTuTu апликацијата. Најдобар резултат има Apple iPhone 7 Plus со 181.316 бодови, додека на второ место со 172.001 бодови е Apple iPhone 7, па може да се каже дека A10 чипсетот е најмоќен.

Со просечен резултат од 163.013 бодови, ОnePlus 3T е најмоќен Android телефон со процесор Snapdragon 821. Интересно е дека на листата со најмоќни Android телефони меѓу првите 10 нема телефони на Samsung. Нивните модели Galaxy Note 7 и Galaxy S7 Edge овој пат се најдоа во златната средина, односно на 18-то и 20-то место.

Напишете коментар