Општина Струмица учествуваше на промовирањето на Извештајот за граѓанското образование во основните училишта
Како учесник во проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Бирото за развој на образованието, а подржан од Детската фондација Песталоци, Швајцарија, општина Струмица учествуваше во реализацијата на испитувањето за утврдување на актуелната состојба во поглед на планирањето и реализирањето на наставата по предметот Граѓанско образование во основните училишта.
За таа цел во Скопје, во организација на МЦГО-Скопје, во присуство на претставници од Бирото за развој на образованието, МОН, УСАИД, Детската фондација Песталоци и други заинтересирани страни, се промовираше извештајот од испитувањето кое беше спроведено во месеците мај и јуни 2016 година во 178 основни училишта во Република Македонија. На промоцијата присуствуваше овластениот просветен инспектор од општина Струмица.
Основните наоди од истражувањето се однесуваат на наставната програма по граѓанско образование, методите за реализација на наставата, мислење за учебниците, мислења за постигнувањето на целите од граѓанското образование и потребата од обуки и стручна поддршка на наставниците по граѓанско образование.
Општина Струмица активно е вклучена во проектите од образованието, кои допринесуваат за унапредување на постигањата на учениците и наставниците во редовната настава, слободните ученички активности, меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација.