За само 3 минути направете си вкусен ручек

Брзите јадења заземаат се поголемо место во нашата исхрана. Тоа пред се е поради брзиот начин на живеење како и тоа што секогаш ни треба повеќе време од едно деноноќие за да ги завршиме сите наши обврски. За денешниот предлог за брз ручек потребно ви е само мелено месо и еден филџан. Овој денешен ручек ќе биде готов за 3 минути.
Потребни состојки…
- 2 супени лажици млеко
 - 1 супена лажица ќечап
 - 2 супени лажици лебни трошки
 - лук во прав
 - сол
 - 120g мелено месо
 
Садот намачкајте го со масло, измешете го млекото, кечапот, лукот, лебните трошки, солта и меленото месо.

Добро измешајте ги состојките и ставете ги во филџан и потоа во микробранова печка и тоа треба да се пече 3 минути.

Вашиот ручек е готов за 3 минути…


