Трибина за Подобар Статус на Децата со Посебни Потреби
Синоќа во просториите на домот на АРМ, по вторпат се одржа трибина за подобар статус на децата со посебни потреби и полесен живот на нивните родители.
Трибината беше во организација на Ресурсниот центар кој е инициран, формиран и воден од родители на деца со посебни потреби.
Овие трибини се од голема значење за запознавање со проблематиките што ги имаат самите деца со посебни потреби, како и нивните родители да можат полесно да ги решаваат овие проблеми.