Струмица домаќин на 5 то издание на фестивалот за источно црковно пеење
Фестивалот за источно црковно пеење кој годинава одбележуваа мини јублеј од 5 години,за прв пат се оддржа во автентична атмосфера во просториите на храмот Св Петнаеесет тивериополски свештеномаченици во Струмица.Оваа година учество зедоа хорови од Струмица,Тетово и Битола.На годинешното издание се преставија хоровите од Струмица Св Теофил Струмички и Св.Роман Слаткопевец,хорот Менада од Тетово и хорот св Некатариј од Битола.
Овој фестивал е во заедничка соработка со центарот за култура Антон Панов и македонската православна црква-струмичката епархија.Отец Димитар Крцев е среќен што е домаќин на ваквов фестивал што го третира источното црковно пеење.
Фестивалот е под покровителство на министерството за култура на република Македонија,организаторите се надеваат дека тој ќе прерасне во значјна нишка во културата за Струмица.Тие се радуваат што секој година се зголемува публиката и тоа што повеќето од нив се малди луѓе.