Предлог Ручек – Грашок со Телешко месо

Ве мачи секојдневната мисла што да приготвите денеска за ручек…

Наш денешен предлог е добро познатиот и веќе испробан рецепт Грашок со телешко месо..

 

Потребни состојки

  • 500 gr. грашок
  • 400 gr. телешко месо
  • 1 kom. моркови
  • 2 kom. кромид
  • 1 лажица вегета
  • по вкус се става сол и црн пипер
  • масло по потреба
  • 1  парче лук
  • 2 листа ловоров лист
  • 1 лажица црвен пипер
  • 2 лажици брашно
  • коцка (10 gr.) путер
  1. Месото треба да го исецкате  на ситни коцки. Во садот налејте вода и ставете сол, кога ќе зоврие водата додадете го месото и тоа нека се вари едно 15 минути, кога месото ќе биде сварено, процедето и оставете го на страна .

  2. Кромидот исцистете го од лушпата и исецкајте го на ситни коцки, морковот истоа така да се излупи и да се исецка на ситни кругови, исто така и со лукот и сето тоа треба да се испасира..

  3. Во садот во кој ќе го спремате грашокот, ставете путер и една лажица масло, додаете го кромидот и попрежете го малку, па потоа додадете го лукот, морковот и сето тоа треба да се пржи малку и на крајот додадете го месото. Месето требда добро да се испржи и на крајот додадете го месото.
  4.  

  5. 4. Додадете ја вегетата, солта и биберот, додадете ја водата така да го покријте зеленчукот.Намалете ја температурата , сето тоа нека се вари со полуотворен капак. Сето тоа треба добро да се вари се додека месото и грашокот не бидат добро сварени. По потреба се додава и вода.

     

  6. 5.

    Кога грашакот и месото се добро сварени , припремете ја запршката.

    Во тавата додадете малку масло. Кога ќе се загрее маслото, одате брашно и ота нека се пржи едно 2-3 минути. Потоа додадете го црвениот пипер и сето тоа добро треба да се измеша, и на крајот се додава во садот каде се месото и грашакот.

  7. Имајте пријатен ручек …    Преземно од coolinarka.com

Напишете коментар