Почнаа активностите за создавање „Општина по мерка на детето“
Општина Струмица и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во соработка со Центарот за човекови права и разрешување на конфликти, а во рамките на Концептот „Општина по мерка на граѓаните“, на денешната средба го потврдија почетокот на соработката за започнување на активности за создавање „Општина по мерка на детето“.
Основна цел на оваа активност е создавање клима и подготвеност од страна на локалните власти да ја препознаат потребата од посебна работа поврзана со задоволување на потребите и интересите на децата и отворање на широка расправа на ниво на Општината за Конвенцијата за правата на детето, детската перспектива во процесите на одлучување и посебна грижа за ранливите групи.
Општина Струмица, градењето на „Општина по мерка на детето“ ќе го направи преку:
1.Партиципација на децата (промоција и поддршка на активно инволвирање на децата во работите кои се однесуваат на нив);
2.Легална пријателска рамка за децата (донесување акти и процедури кои ги промовираат и заштитуваат правата на децата);
3.Изготвување на општинска Стратегија за правата на децата;
4. Потврдување на тело за правата на децата;
5.Пресметка и евалуација на влијанието врз децата;
6.Детски буџет (адекватни средства наменети за децата, како и анализа на буџетот низ перспектива на потребите на децата);
7.Утврдување – Мониторинг за состојбата на децата и нивните права;
8.Запознавање со правата на децата (обезбедување на свест за правата на децата меѓу возрасните и децата);
9.Независно застапување на децата (поддршка на невладини организации и развој на независни институции за човекови права);
Имајќи во предвид дека општина Струмица веќе има искуство во имплементацијата на концептот „Општина по мерка на децата“, оваа нова соработка ќе значи продолжување и воедно унапредување на општинските капцитети во процесот на градење и развивање на општинските политики заради донесување на вистински одлуки кои ќе бидат од исклучително значење за сите деца.