П.А.О.К. ЕНТУЗИЈАСТ СТРУМИЦА Организира БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ на планината БЕЛАСИЦА
Планинарско Алпинистичкиот Ориентационен Клуб ЕНТУЗИЈАСТ Струмица ќе ја организира по петнаесетиот пат Меѓународната традиционална планинарска средба БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ на планината БЕЛАСИЦА Врвот ТУМБА 1881 м.
Средбата ќе биде на ден 23.08.2015 г. (Недела) на тромеѓето (Македонија,Бугарија,Грција) на планината БЕЛАСИЦА Врвот ТУМБА 1881 м. каде ќе бидат присутни планинари-љубители на природата од Македонија,Бугарија и Грција.
Ве покануваме на присуство
ПРОГРАМА :
Сабота 22.08.2015 г.
1. Тргнување од с. Смоларе во 10 00 ч кон планинарскиот дом Шарена Чешма 1300 м.
2. Посета на Смоларски водопад најголем во Македонија.
3. Пристигнување на Шарена Чешма 1300 м. 13-14 ч.
4. Ручек од 14 до 15 ч. обезбеден од организаторот.
5. Прошетка од 16 до 20 ч. – искачување до врвот Семир Кајас 1877 м.
6. Планинарски оган и забава.Спиење во шатори (Секој да си понесе).
Недела 23.082015 г.
1. Тргнување во 6 00 ч. од планинарскиот дом Шарена Чешма 1300 м. – пристигнување на врвот ТУМБА 09 00 ч.
2. Средбата БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ од 9 00 ч. до 12 00 ч.
3. Тргнување од ТУМБА 12 00 ч. кон П.Д. Шарена Чешма
4. Ручек од 15 00 ч. до 16 00 ч. обезбеден од организаторот.
5. Тргнување од Шарена Чешма во 16 00 ч. пристигнување во 18 00 ч. во с. Смолари.
Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствената психо-физичка кондиција.Секој учесник може да си купи мајца 150 ден.
Секој учесник задолжително да си понесе прибор за јадење и шатор за спиење,превоз на шатори и ранци до планинарскиот дом Шарена Чешма е обезбедено од организаторот.
Пријавување најдоцна до 20.08.2015 г.
Сите информации можете да ги добиете кај следниве лица.
070 200 848 Коле
070 535 688 Васко
077 984 499 Душко
П.А.О.К. ЕНТУЗИЈАСТ СТРУМИЦА