о. Ново Село- Примопредавање на основен проект за ООУ “Мануш Турновски”
Општина Ново Село во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион изготви проектна документација за енергетска ефикасност за ООУ “Мануш Турновски” Ново Село. Во овој проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се вклучени сите 10 општини од ЈИПР со по едно училиште од секоја општина. Општата цел на овој проект е да се подигне свеста и знаењето за влијанието врз животната средина и економската ефикасност во искористувањето на обновливите извори на енергија кај младата популација, како и заштеда на енергија и енергетска ефикасност во општинските училишта.