Макс Струмица-Војводина Ремизира со 25-25
Првиот меч во СЕХА лигата Макс Струмица-Војводина заврши нерешено 25-25.
Цврст меч од двете екипи,првото водство беше на гостите од Војводина од 4-0,по што домакините успеаа да се вртат во темпото и на полувремето Макс замина со водство од 12-10.
Во второто полувреме се играше тешка рамноправна игра, Макс Струмица највисокото водство го имаше во 44 минута и тоа 20 -16.
Последните 4 секунди од натпреварот, домакините примија гол со што ја загубија можноста да освојат 3 бода.
На прес конференцијата стратегот на Војводина ја поздрави публиката за коректноста при навивањето како и на домакините за коректната игра,тој истакна дека сепак на крајот среќата ги послужила и успеале да ремизират во последните секунди од натпреварот.
Стратегот Андонов, не ја криеше разочараноста и истакна дека и оваа е успех ,но сепак не ја искористеле шансата да ги освојат максималните 3 бода.