ЈП „Паркиралишта Струмица“ со промотивна кампања за подобрување на безбедноста во сообраќајот
Започнувајки од денеска па во следните неколку денови, јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ќе спроведе промотивна кампања за паркирање чија цел е подигање на свеста и подобрување на безбедноста на сообраќајот во мирување.
Заради зголемената фреквенција на возила во централното градско подрачје особено во летниот период и во деновите на летните одмори од ЈП „Паркиралишта Струмица” апелираат за почитување на сообраќајната сигнализација и користење на јавните паркинг простори согласно поставената сигнализација и хоризонтална и вертикална, со единствена цел – повеќе паркинг место за сите.