Ископ на река Водочница (Моноспитовски канал)
Владата на Република Македонија, преку Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на РМ и Управата за водостопанство на РМ спроведува активност за темелно чистење на речното корито на река Водочница (Моноспитовски канал).
Активностите се започнати од општина Ново Село (атар на село Зубово) и ќе се одвиваат во текот на целата должина на оваа река поминувајќи низ општина Босилово (атарите на селата Бориево и Моноспитово) и завршувајќи во атарот на село Дабиља (општина Струмица).
Реализацијата на овој проект ќе овозможи доволен проток на вода во речното корито како и спречувањена опасноста од поплави.