Градинката „Детска радост“ ги подобрува условите и во Клоновите 3 и 6
Покрај поставувањето на термо фасада во Клонот 4, истовремено се работи на подобрување на условите и во останатите клонови на градинката „Детска радост“ во Струмица. Во Клонот 3 се врши заменување на старите со нови електрични апарати. Извршена е набавка на еден професионален електричен шпорет и професионална машина за перење, а во Клонот 6 еден професионален електричен шпорет. Вкупната вредност на овие електрични апарати изнесува 533.867 денари со ДДВ, обезбедени од буџетот на општина Струмица. Оваа цена е постигната на електронската аукција по постапката бр. 56/2015 година во која најдобра понуда достави ДПТИ „Еурефи Инжинеринг“ ДООЕЛ од Скопје.