Денеска Архивата во Секторот за урбанизам ќе работи до 24 часот
Како Општина која секогаш е во служба на своите граѓани, општина Струмица ги известува сите физички и правни лица дека денеска (31.03.2016г.) Архивата во Секторот за урбанизам и комунални работи на Општината ќе работи до 24 часот.
Работното време се продолжува за да им се излезе во пресрет на сите граѓани и правни лица кои планираат да го искористат последниот ден за поднесување барања за легализација на бесправно изградените објекти.
Физичките и правни лица кои што веќе имаат поднесено барање за легализација геодетските елаборати треба да се достават до 31 декември 2016 година.