Дебата: ЕУ е дел од решението, но и од проблемот во Македонија
Здружението „НОВУС“ во рамките на проектот „Запознај ја европската унија –
делувај европски“ којшто е финансиран од општина Струмица, организираше јавна дебата
во соработка со дебатниот клуб при Младински совет – Струмица на тема „ЕУ е дел од
решението, но и од проблемите во Македонија“.
Преку дебата учесниците ги изнесуваа своите аргументи за или против, а се
потенцираа и бенефитите и ограничувањата што Македонија би ги добила доколку стане
дел од Европската унија.
Дебатери ќе бидат Цветанка Манчева, Александра Николова, Ристо
Ковачев, Вероника Поповска, Верица Китанова, Љубица Поп-Трајкова, Лилјана Ѓорѓиева
и Викторија Јанушева.