Струмица домаќин на тридневниот медитерански шампионат во спортска ориентација
Денеска и следните два дена општина Струмица ќе биде домаќин на медитеранскиот шампионат за спортска ориентација .
Овој настан се одржува во Бугарија, Грција и Струмица.
Учествуваат претставници од Бугарија, Грција, Македонија, Норвешка, Исланд, Германија,Казахстан и др.
На денешниот почеток на тридневниото натпреварување, во името на општината им посака добредојде и ги поздрави претседателот на советот на општина Струмица господинот Јосиф Христов.