Здружение Новус -„Запознај ја Европската унија – делувај европски“

Здружение НОВУС објавува ЈАВЕН ПОВИК за пишување на есеј во рамките на
проектот „Запознај ја Европската унија – делувај европски“ кој што е целосно поддржан
од страна на општина Струмица.
Темата на која што есеите треба да биде пишувани е: „Дали членството во ЕУ ќе ја
направи Република Македонија подобра и попросперитетна држава?“
Есеите треба да се пишуваат во фонт Times New Roman, големина на фонт 12, проред
1,5. Есејот треба да брои меѓу 1000-1200 зборови.
Право на конкурирање имаат сите на возраст од 16 до 29 години кои што живеат на
територијата на општина Струмица.
За трите најдобри есеи обезбедени се и парични награди (1.500 ден за I место, 1.000
ден. за II место и 500 ден. за III место), а сите други есеи, согласно критериумите за избор,
ќе бидат објавени во зборник на есеи.
Во есејот треба да е изјаснето лично и критичко мислење на авторот, со образложени
аргументи. Не е дозволено есејот претходно да е објавуван на други места, односно треба да
е наменет само за потребите на овој повик.
​Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават своите есеи, заедно со
информациите за нив најдоцна до 27 октомври 2015 година (Вторник) до 16:00 часот на

меилот: [email protected]

Напишете коментар