Здрава котлина порача – Рудник нема да дозволиме на Огражден

Со моторизиран протест,денеска активистите од Здрава котлина го изразија своето незадоволство од одлуката на Управен суд кој повторно го врати во игра рудникот на планината Огражден. Околу еден час со вклучени сирени членовите на ,,Здрава котлина’’ и граѓаните кои не сакаат рудник, возеа по струмичките улици со своите возила во знак на револт од фактот што во вонредна состојба, Управниот суд донесе одлука во корист на концесионерот Еуромакс.

Тие ги упатија своите барања- Цел и барање од оваа протестно движење ќе биде:
1) Изразување незадоволство од пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката на Второстепената комисија за одбивање на дозволата за работа на концесионерот Еуромакс Ресурси
2) Изразување незадоволство од несоодвтниот ангажман на јавното правобранителство во случајот со Управниот суд
3) Изразување незадоволство и предупредување до државните институции и Управниот суд да не си играат со судбините на граѓаните во Струмица и Струмичко

Напишете коментар