,,Вози одговорно,,

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања
„ВОЗИ ОДГОВОРНО“

На плоштадот „Гоце Делчев” и на Булеварот „Маршал Тито” во Струмица, претставници од МВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со РС БСП, со делење на едукативни материјали, реализираа сообраќајно-воспитно едукативна кампања под мотото „Летна Кампања 2020-вози одговорно“, со цел за подигање на свеста и одговорно учество во сообраќајот во летниот период.