Во вчерашната акција од поројот „Крушевска Република“ подигнати 98 метри кубни отпад

Генералното чистење на поројот „Крушевска Република“ продолжи и во текот на вчерашниот ден, а во рамките на акцијата „За чиста струмичка пролет“. Според информациите од Бранко Горѓиев раководител на работната единица „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ на потегот од мостот на улицата „Младинска“ до спојот со улицата „5-ти ноември“ подигнати се 98 метри кубни разновиден отпад. Во акцијата беа вклучени сите вработени во единицата „Чистота“, четири трактори, камион и специјална градежна машина за вадење на отпадот. Според најавите од утре ќе продолжи чистењето на поројот од спојот со улицата „5-ти ноември“ па се до крајот на поројот, а до крајот на неделата планирано е да заврши и чистењето на потегот кон транзитниот пат. По комплетното чистење на поројот „Крушевска Република“, ќе почне чистењето на поројот „Васил Главинов“.

Напишете коментар