Се оплеменува просторот покрај манастирот во Водоча

Манастирската црква ,,Свети Леонтиј” во Водоча е еден од најзначајните културно-историски споменици на територијата на општина Струмица. Таа освен што е историски белег на Струмица од 6 век, истовремено е и македонски православен христијански манастир, археолошко наоѓалиште и седиште на Струмичката епархија. Токму поради овие причини општина Струмица инвестира во уредување на околината на Манастирскиот комплекс со цел создавање на модерно уреден простор со естетски карактеристики соодветни на значењето на самиот објект.

Целокупниот простор околу манастирот ќе биде амбиентално вклопен со манастирот, поплочен со реден камен, хоритултурно уреден, со заштитни и украсни огради, со парк, шеталиште, осветлување и урбана опрема.

Напишете коментар