Се одржа традиционалниот натпревар во пинг – понг за ученици од основните и средните училишта

По повод Денот на македонските просветители Светите Кирил и Методиј и 25 Мај – патрон на основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, по шести пат се одржа отворен турнир во пинг – понг. На турнирот учествуваа ученици од основните и средни училишта од општина Струмица, а најдобри резултати постигнаа следните ученици:
– Во категорија средни училишта прво место освои ученикот Далистан Мустафов од СОУ „Никола Карев“, второ место освои ученикот Христијан Митев од СОУ „Димитар Влахов“ и трето место освои Филип Митев од СОУ „Никола Карев“.
– Во категорија основни училишта – женски, првото место го освои Добрина – Хаџи Тосева од ООУ „Никола Вапцаров“, второто место го освои Ивана Иванова од ООУ „Никола Вапцаров“ и третото место го освои Ангела Атанасова од ООУ „Видое Подгорец“.
– Во категорија основни училишта – машки, првото место го освои Кенан Асанов од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, второто место го освои Иван Ѓоргиев од ООУ „Никола Вапцаров“ и третото место го освои Петар Мудинов од ООУ „Маршал Тито “ од Струмица.
Овој традиционален натпревар во пинг – понг се одржа со поддршка од општина Струмица.