Се обновуваат мостовите на поројот „Крушевска Република“

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со обновување на мостовите кои што се наоѓаат на поројот „Крушевска Република“. На истите се врши поправка, се додаваат декоративни елементи и се врши комплетно бојадисување.
Сите вкупно пет мостови на овој порој во наредните денови ќе добијат нов изглед.
Освен на пројот „Крушевска Република“ ќе биде обновен и мостот на таканаречениот Свети Илијски порој на патот кон градските гробишта.

Напишете коментар