Се Грижи ли Некој за Вецињата во Глобал

До редакцијата на Струмица Портал, пристигна реакција од наша читателка која реагира на неподносливата нечистотија во вецињата во Глобал кој се наоѓаат на првиот кат.

Нашата читателка веќе неколку денови се обидидувала да стапи во контакт со санитарните инспектори во Струмица како и во Скопје но сето тоа било неуспешно.

Вецињата биле полни со измет и урина и се ширела неподнослива миризба, нашата читателка како и други граѓани сакаат што поскоро да се реши овој проблем, бидејќи тоа може да прерасне во ширење на жолтица, хепатитис, бидејќи како што знаеме во долниот дел се наоѓа пазарот каде се продава храна која сите ние ја купуваме.

Се надеваме дека некој од надлежните институции ќе преземат соодветни мерки.

Напишете коментар