Родовата еднаквост на општина Струмица во прогресивна насока

Во Скопје беа презентирани резултатите од Индексот на родова еднаквост во општините во Република Македонија подготвен од Реактор – Истражување во акција со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Индексот на родова еднаквост е заснован на убедувањето дека за општествен напредок, жените и мажите мора да имаат еднаков пристап до можности и услуги и овозможува целокупен преглед на состојбите во сите општини во Република Македонија, анализирајќи ја нивната работа во три главни области: родов јаз, соодветни услови и родово одговорна општина. На презентацијата присуствуваше и Софче Иванова, координатор за еднакви можности на жените и мажите на општина Струмица. Таа ги сподели добрите практика на Општината која многу вложува и е меѓу пилот општините во процесите на унапредувањето на родовата еднаквост и има спроведено многу проекти и активности кои навистина покажале резултати за подобрување на состојбата на жените кои живеат на територијата на општина Струмица.

-Општина Струмица е една од малкуте општини кои има изработено свој стратешки документ и Акциски план на активности за унапредување на родовата еднаквост на жените и мажите, а тоа е Стратегија за унапредување на родовата еднаквост во општина Струмица 2017-2020. Исто така има развиено добра соработка со Комисијата за еднакви можности при советот на Општина Струмица, има одлична соработка со националните институции и со граѓанскиот секотр и има изградено капацитети со кои може процесите за унапредување на родовата еднаквост да се развиваат единствено во прогресивна насока, рече меѓу другото, Иванова.

Напишете коментар