Промовиран Домот за заштита и згрижување на жртви од семејно насилство

Шелтер центарот е со капацитет од 8 места, од кои 2 за итна интервенција и 24 – часовно згрижување. Истиот ќе биде комплекс од социјални услуги за лица жртви на семејно насилтво, жени и деца, кои ќе бидат сместени за период до 6 месеци и ќе бидат насочени кон обезбедување на индивидуална поддршка, задоволување на секојдневните потреби и правно советување или социјално – психолошка помош кога е потребна итна интервенција преку тимови за мобилна кризна интервенција.
Ги повикувам жртвите на семејно насилство во Општина Струмица да го пријавуваат насилството и да бараат заштита.
Секој човек, секоја жена треба да се чувствува безбедно во својот дом и средината во која живее. Ова е основно право кое ние како држава и општина мора да го гарантираме. Во транспарентна постапка на Јавниот за реализација на овој проект, се јави Здружението на граѓани „Скај плус“ од Струмица кое обезбеди сопствено учество преку меморандуми за соработка со општествено одговорни компании и тоа 50 % учество од вкупната сума на Општина Струмица 1.200.000,00 денари, средства планирани во буџетот за 2019 година во областа на социјалната заштита и заштитата на децата.

Изјави Градоначалникот Коста Јаневски

Напишете коментар