Претставен Samsung Galaxy Note 9

„Samsung“ конечно официјално го претстави својот најнов „Note“ уред – „Galaxy Note 9“. Јужнокорејската компанија овој телефон го нарекува најдобриот што досега го има создадено.

„Со моделот „Note 9“ ние создадовме супер-моќен телефон, дизајниравме уред кој може да ги следи потребите на корисникот“, истакнува производителот.
Накратко, „Samsung“ најави најголема батерија која досега била достапна на некој „Note“ уред, со капацитет од 4.000 mAh. „Note 9“ пристигнува со 128GB и 512GB интерна меморија, а во подготовка е и „microSD“ картичка од 512GB за максимален 1TB простоp за складирање податоци.
Под екранот нема сензор за отпечаток на прстот, кој сега е позициониран на задната страна под двете камери.

Системот од камери на задната страна се состои од 12MP f/1.5-2.4 главен сензор и 12MP f/2.4 телефото секундарен сензор, со „dual OIS“ поддршка. Двата сензори се опремени со системот на „Samsung“ – „Intelligent Camera“, која препознава сцени, ги оптимизира боите и контрастите, но и ги детектира грешките како нечист екран или момент кога корисникот ќе ги затвори очите. „Селфи“ камерата има 8MP f/1.7 сензор.

Уредот ќе биде достапен во „Ocean Blue“, „Midnight Black“, „Lavender Purple“ и новата „Metallic Copper“ бои, и ќе се најде во продажба од 24-ти август.

Основниот модел „Samsung Galaxy Note 9“ доаѓа со 6GB RAM и 128GB простор за складирање и цена од 999 eвра, додека топ-моделот има 8GB RAM и 512GB простор и ќе се продава за 1249 eвра.

Напишете коментар