Пожар во Регионалната телевизија „ВИС“

Денес, (среда) 25.03.2020 година, околу 02.00 часот, во просториите на Регионалната телевизија „ВИС“ како и простории на еден текстилен погон и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица избувна голем пожар. ТППЕ Струмица веднаш по првата дојава со 1 ПП возило и 5 пожарникари излезе на локацијата на пожарот. Поради сериозноста на пожарот веднаш е извршена мобилизација на целиот состав на ТППЕ Струмица при што се испратени уште 4 ПП возила и 20 пожарникари. Околу 09.00 часот пожарот е ставен под контрола и речиси целисно е ликвидиран. Во пожарот полесно се повредени и тројца пожарникари, кои учествуваа во гаснењето на пожарот.2 од повредените пожарникари се на лекување во струмичката болница, а еден се здоби со полесна повреда на ногата.

Напишете коментар