„Подгорија“ прва авторска песна на Сашко Митев

Сашко Митев, кој е дел од оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“ ја сними својата прва авторска песна насловена „Подгорија“, песна за подбеласичките села во струмичко.
Автор е на музиката и текстот, а аранжманот ги направи маестро Милан Завков. Снимена е во студиото „City Sound“ во Скопје под продуцентско водство на Љупчо Соколовски.

Oсновно музичко училиште завршил во ОМУ „Боро Џони“ во Струмица, а средно во Скопје од каде продолжил на Факултетот за музичка уметност на оддел Етномузикологија за изучување на македонскиот фолклор. Магистрирал на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, оддел Фолклористика на тема „Фолклорните музички каректаристики на народното пеење и свирење во Струмичко-радовишкиот регион.

Веќе 20 години е вработен во оркестарот на НУ Ансамбл „Танец“. Има направено обработки на многу македонски изворни песни во „Танец“ и обработки на четири кореографии кои се на репертоарот на овој национален ансамбл, „Поселје“, „Пијанец“, „Растак“ и „Малешевка“.

Со Ансамблот „Танец“ настапувал во повеќе земји во Европа, како и во Австралија, Кина, САД и Канада

Напишете коментар