Основното Училиште Гоце Делчев се Подготвува за Новата Учебна Година

Основните и средните училишта во општина Струмица летниот распуст го користат за подобрување на условите за работа во новата учебна година.
Во општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во населеното место Вељуса, денеска, почнаа повеќе зафати кои ќе траат во наредните десетина денови. Според Иванка Ѓорѓиева директор на училиштето, согласно плановите за одржување на училиштето и подобрување на условите за изведување на образовно – воспитниот процес, ќе се изврши глетување на една училница, две канцеларии и на ходниците на првиот кат во училиштето и варосување на истите. Во наредните денови ќе бидат заменети вратите на две училници и една канцеларија, а ќе биде поставен и ламинатен под во кабинетот по техничко образование.
Денеска, почна да се работи и на подготвувањето на паркингот за велосипеди, што претставува законска обврска за сите училишта.

Напишете коментар