ОК ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: ПОВИК ЗА ПРОТЕСТНИОТ МАРШ ВО НЕДЕЛА!

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,

ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА КАКО ЕДЕН ОД ПРВИТЕ ОСНОВАНИ КОМИТЕТИ НА ПАРТИЈАТА СО СВОЕТО ДЕЈСТВУВАЊЕ ЈА ДОКАЖА СВОЈАТА ИСКРЕНА ЗАЛОЖБА ДА БИДЕ ДОСТОЕН ИЗРАЗ НА ПОТРЕБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОДОБРА СТРУМИЦА И ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА.

ОБЕДИНЕТИ ПОД ВЕЧНОТО ЗНАМЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СПРЕМНИ СМЕ ПАК ДА ЗАСТАНЕМЕ НА БРАНИКОТ НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ОПШТИНАТА И ТАТКОВИНАТА И ДА СЕ СООЧИМЕ СО НОВАТА КАТАТРОФА ШТО СЕ ЗАКАУВА НА НАШАТА ЗЕМЈА.

ВОДЕНИ ОД СВЕТОЛ ПРИМЕР ЧУСТВУВАМЕ ДОЛЖНОСТ ВО ОВИЕ ВАЖНИ ИСТОРИСКИ ВРЕМИЊА СО П Р О Г Л А С ДА ГИ ПОВИКАМЕ СИТЕ ЧЛЕНОВИ СИМПАТИЗЕРИ И СОГРАЃАНИ НА ОПШТА МОБИЛИЗАЦИЈА И ЗАЕДНИЧКА РАБОТА ПРОТИВ НЕСПОСОБНАТА И ШТЕТНА ВЛАСТ НА ЛОКАЛНО И НАЦИОНАЛНО НИВО.

ВЛАСТА КОЈА СО СВОЈАТА НЕСПОСОБНОСТ ГО УНИШТИ ДОСТОИНСТВОТО НА НАЦИЈАТА ГО НАРУШИ ПРАВНИОТ ПОРЕДОК ГО УНИШТУВА СТОПАНСТВОТО ГО ЗАПУСТИ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И ВРШИ НЕВИДЕН ПРИТИСОК ВРЗ СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ И ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО.

ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ СТРУМИЦА ВО СОРАБОТКА СО КОМИТЕТИТЕ НА ВАСИЛЕВО БОСИЛОВО И НОВО СЕЛО ВО НЕДЕЛА НА 8- МИ ЈУЛИ СО ПОЧЕТОК ВО 13 ЧАСОТ ОРГАНИЗИРА ПРОТЕСТЕН МАРШ КАКО НАЈАВА ЗА ИНТЕНЗИВНА

АКТИВНОСТ ВО РАМКИТЕ НА ЛЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ.

ПРОТЕСТНИОТ МАРШ ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО СОБИР ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ И ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ СТРУМИЧКОТО КОРЗО ДО ЗГРАДАТА НА СОБРАНИЕТО НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ПРОТЕСТНИОТ МАРШ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО- ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

ГИ ПОКАНУВАМЕ СИТЕ НАШИ СОГРАЃАНИ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НА ПРОТЕСТНИОТ МАРШ

-ЗАЕДНО ДА КАЖЕМЕ СТОП НА ПОЛИТИКАТА НА СЕКОЈДНЕВНИ ПОРАЗИ

-ЗАЕДНО ДА ПОРАЧАМЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ.