Од 10-14 часот неколку Улици во Градот без вода

Поради дефект на водоводна цевка во периодот од 10 до 14 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Крушевска Република“, односно, на потегот од улицата „Балканска“ до улицата „Младинска“.

Во истиот период и поради истата причина, прекин во водоснабдувањето ќе има и на улицата „5 ноември“ и тоа на потегот од улицата „Плачковица“ до улицата „Маршал Тито“.

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ работат на отстранување на дефектите.

Напишете коментар