Објавени конкурсите на 100 илјади поети за промена – Македонија за 2015 година

„100 Илјади поети за промена“ ги распишува двата официјали конкурси за поезија и изработка на постер/ плакат кој ќе биде застапен на групната изложба која е дел од самото фестивалско читање кое треба да се случи на 26 септември 2015 година во Струмица.11942275_10153573975482790_696420616_n

ПОЕТСКИ КОНКУРС на манифестацијата „100. 000 поети за промена“
Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.
Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на [email protected] најдоцна до 15 септември 2015 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, која ќе биде издаден како склоп од оваа манифестација.
Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на интернетскиот портал на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе петта година го ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во Република Македонија.
11948042_10153573975487790_978981812_n

КОНКУРС ЗА ПОСТЕР за манифестацијата „100 илјади поети за промена“
Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… веќе се разбираме, така? 🙂
Дизанерските решенија може да се испраќаат на истиот email погоре ([email protected]) или на Facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 20 септември 2015 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.
Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 26 септември 2015 година во Струмица.
__________________________________________
Манифестацијата „100 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји, односно, во моментов имаме најавено 500 настани во над 100 земји во светот за оваа година!

Напишете коментар