о.Ново Село- ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „СОНЦЕ“

Градоначалникот на Општина Ново Село г-дин Блажо Велков потпиша договор со управителот на фирмата ДГИМТ „Анол – Импекс“ ДООЕЛ Скопје г-дин Звонко Костовски за реконструкција на Детска Градинка „Сонце“ Ново Село како дел од проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување на подобра средина во детските градинки“ во рамките на Програмата Интеррег – ИПА за прекугранична соработка Р.Бугарија – Р.Македонија 2014-2020,ССI №2014ТС1615СВ006. Партнери во овој проект се општина Сандански и општина Ново Село. Потпишаниот договор е со вредност од 8.582.130,00 денари.
Реконструкцијата на детската градинка „Сонце“ Ново Село треба да започне почетокот на месец Април 2017 година и да заврши до крајот на месец Септември 2017 година и со истата е предвидено подобрување на постоечката изолација со поставување на нова термо фасада, отстранување на азбестниот покрив и замена со нов лимен со термо изолација, замена на старите врати и прозорци со поставување на нови ПВЦ врати и прозорци, поставување на соларни колектори за производство на топла вода, нова енергетска ефикасност со ЛЕД диоди, исто така ќе бидат подобрени и системите за водовод и канализација, што ќе доведе до зголемување на енергетската ефикасност и во двете детски градинки и зачително подобри услови за најмладите кои престојуваат во нив.
Проектот е во вкупна врдност од 396.861,18 евра, од кои за општина Ново Село се 197.066,01 евра а за општина Сандански се 199.795,17 евра.
Времетраењето на проектот е 24 месеци, односно од 17.10.2016 до 17.10.2018 година.