Најново Aкустични и празнични настапи на Виктор Крстев ft. James и Јовче Пандев

Младински совет ја продолжува новогодишно-божиќната бајка со повеќе активности во текот на неделата.

Утревечер, 3 јануари на плоштадот „Гоце Делчев“, пред споменикот Гоце Делчев ќе се одржи музичко-забавна програма со настап на Виктор Крстев и Милан Анастасов.
Нивниот настап ќе започне од 20:30 часот. На 4 јануари, на истата локација од 20:30 часот ќе настапи Јовче Пандев со својот акустичен состав. Како посебен подарок од Јовче за струмичани ќе биде премиерата на неговиот видео-запис за синглот „За нас“.

На 4 јануари ќе се одржат и двата хуманитарни концерти на СОУ „Јане Сандански“ и тоа од 19:00 и 21:00 часот. Влезниците за вториот термин на концертот ќе бидат во продажба на куќичките поставени на плоштадот утре (среда) од 12:00 до 15:00 часот и од 20:00 до 22:00 часот.

Напишете коментар