Моја, твоја, наша боја! – Одбележување на 3-ти Декември

Преку промоција на боенки кои ги изработивме за најмaлите, оваа година ќе се одбележи 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост!

Под мотото „МОЈА – ТВОЈА – НАША БОЈА!“, ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица на 03.12.2019 г. (вторник) во Дом на АРМ – Струмица со почеток од 18:00 часот, организира хуманитарна манифестација по повод одбележување на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

На хуманитарната манифестација ќе бидат претставени боенките кои ги изработија членовите на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица во рамки на проектот, како и креации од серијата креативни работилници кои ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица ги реализираше во текот на 2019 година, дел од Годишната програма.

На манифестацијата, ученици од основни училишта ќе се претстават со рецитали и мини драми за еднаквоста на децата, во кои вклучени ќе бидат и членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица, односно и лица со интелектуална попреченост, со што ќе се пренесе порака за ЕДНАКВОСТ, ЗАЕДНИШТВО и потребата од поглема ИНКЛУЗИЈА во сите пори на општеството.

Активноста е во рамки на проектот „Моја – твоја – наша боја!“, финасиски помогнат од Општина Струмица преку V2 Програмата од Буџетот на Општина Струмица за 2019 г. и РЦПЛИП – ПОРАКА Ско

Напишете коментар