Младите од руралните средини на обука за проектен циклус

Центарот на заедницата на општина Струмица, во рамки на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ имплементиран од страна на Фондација Отворено општество – Македонија во партнерство со Општина Струмица, на 15.06.2016 г. (среда) во канцеларијата на Центарот во Дом на АРМ – Струмица, спроведе обука за млади од руралните средини на тема: „Проектен циклус и изработка на проектна апликација“. Оваа обука имаше за цел да придонесе за развој на капацитетите на младите од руралните средини за подобро проектно планирање и реализација на проектни активности и остварување на соодветни цели, односно стекнување на вештини за развој на целосна проектна апликација. Целта е да се мотивират младите од руралните средни да се приклучат на веќе постоечките граѓански организации и да ги применат стекнатите знаења при пополнување на проектни апликации, но и работа на конкретни проекти кои ги реализираат локалните граѓански организации. Обуката беше на едно почетно, базично ниво, приспособена за целната група: млади од рурални средини.

Повеќе информации од настанот можете да прочитате на следниов линк..http://ccstrumica.mk/mladite-od-ruralnite-sredini-na-obuka-za-proekten-tsiklus/

Напишете коментар