Избран Советот на Млади во о. Василево

Во општина Василево на последните седници на Советот на општина Василево беше избран Совет на млади на општина Василево. Целта е да се вклучат младите активно во јавниот живот на општината. Составен е од претседател, заменик претседател и членови. Претседател на ова тело е Славе Василев – дипломиран правник ,воедно и постдипломец по Финансии и Финансово право при Правниот Факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје Функциите на советот се следните: расправа на прашања кои се од значаен интерес на младите, предлаганње на Советот на општината Одлуки,Програми и други акти од значење на младите соработка во однос на изработката на локалните акти за младите, организирање работилници,предавања ,трибини и други манифестации кои се во врска со младинските прашања , поттикнување на меѓусебната општинска соработка и размена на искуства со младите од другите општини и вршење на други работи од интерес за младите . Синоќа се одржа првиот состанок со претседателот и заменик претседателот и дел од членовите на Советот на млади во општина Василево ,кадешто градоначалникот Ванчо Стојанов ја даде целосната подршка за работа на Советот и сите активности кои ќе бидат извршени од страна на ова тело.

Напишете коментар